Децата од градинката „13 Ноември“ не го кријат своето задоволство од делот на новиот реконструиран, современ, еколошки објект. Благодарност од нив до градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и општината за реконструираниот дел и проширување на нивната градинка.
Децата од овој дел на општина Центар по цели 64 години престојуваат во многу подобри услови. Од стариот, руиниран објект останаа само ѕидовите. Се друго е комплетно ново и квалитетно изработено. Реконструирани се канцелариите, ходниците, санитариите, кујната…
Конечно е решен огромниот проблем со влагата, која имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените, како и со руинираниот паркет и ламинат.
Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, се дистрибуираат со постечкиот приклучок до градската канализациона мрежа.
Сега следува втората фаза од реконструкцијата, а тоа се горниот дел од занималните, тоалетите, фасадата и административните простории кои ќе бидат готови кон крајот на ноември.
„Градинката „13 Ноември“ со ова ќе биде современ, енергетски-ефикасен објект.