Насловна / Архитектура / Градинка во Пекинг која им дава на децата објективна перцепција за околината

Градинка во Пекинг која им дава на децата објективна перцепција за околината

Кинеското архитектонското биро MAD Architects со канцеларии во Пекинг и Лос Анџелес во 2017 година добило задача да проектира градинка покрај дом за стари лица во Пекинг, како однос на клиентот за „меѓугенерациска интеграција“ која комбинира предучилишно образование и грижа за стари лица. Локацијата, со површина од 9.275 квадратни метри, се состоела од историски двор Siheyuan од 18. век, соседен двор реплика, изграден во 90-тите години од минатиот век и четирикатна модерна зграда. По изградбата завршена кон крајот на 2019 година, градинката сега служи како простор за предучилишно образование за 390 деца на возраст од 1,5 до 6 години.

1_resize 2_resize

„Кога погледнав наназад низ годините на мојата градинка, па дури и на оние што ги видов откако пораснав, секогаш се прашував што е тоа по кое децата најмногу копнеат “, вели Ma Yansong, архитект роден 1975 година во Пекинг и основач на MAD Architects. „Можеби тоа е слобода и љубов. Градинката не мора секогаш да нуди комплексена и сложена програмаил, но секогаш мора да ги натера децата да чувствуваат слобода и љубов – тое е нешто што ќе им овозможи бесконечни можности “.

3_resize 4_resize

При проектирањето, MAD одлучиле да го отстранат дворот на репликата надвор од историскиот оригинал од 18. век и да го заменат со нов простор кој дворот Siheyuan „го има дланка“. Додека го обвиткува стариот двор, новиот простор завзема ниско и нежно држење, со течни движења во спротивност со строгиот, уреден распоред на историската градба. Оваа напнатост, која произлегува од различните временски димензии, му дава на објектот обновен живот. Новото не го засенува старото, додека минатото не ја престигнува сегашноста.

5_resize 6_resize

Новата зграда формира „лебдечки покрив“ кој поврзува различни, независни простории во единство, притоа правејќи луѓето да се чувствуваат како да влегле во едно ново царство. Освен црвените sидови и жолтите плочки на Забранетиот град, во архитектурата на Стариот Пекинг доминираат сините тули и сивите плочки на традиционалните патеки и уличките. Градинката на MAD настојува луѓето да ги однесе надвор од овој контекст, не само од Пекинг, туку дури и од Земјата; да ја видат и замислат долгата историја пред нив, од друго време и простор.

7_resize 8_resize

„Лебдечкиот покрив“ евоцира детска поговорка од Стариот Пекинг: „Ако поминете три дена без да бидете казнети, покривот ќе се сруши“. Брановидната „пештерска“ топографија на на покривот формира своевиден марсовски пејзаж, мамејќи ги децата да трчаат, да си играат и да комуницираат едни со други. Во комбинација со древен двор, стари дрвја и бесконечно небо, надреалното опкружување ги инспирира децата да размислуваат и да бркаат ловат бесконечни можности.

9_resize

На ниво на терен, MAD дизајнирал три дворови околу неколку стари стебла на изворното место. Новите дворови одговараат на оние од старите структури на Siheyuan, обезбедувајќи наставни простори со светлина, вентилација и надворешно проширување, додека тобогани и скали ги поврзуваат дворовите со горниот пејзаж на покривот.

10_resize

Коментирајќи го проектот, Ma Yansong вели: „Стариот Пекинг има многу „пукнатини“- тунели, покриви, дворови, итн. Особено дворовите го одразуваат ориенталниот поглед на природата. Овде, природата станува главна тема, а наместо тоа, архитектурата се врти околу неа. Во дворот има природа, свет и човечки живот, кои дејствуваат заедно за да го формираат јадрото на архитектурата “.

11_resize 12_resize

Кога се влегува во внатрешноста одозгора, атмосферата е пријатна и светла. Реагирајќи на осетливото чувство за размер и удобност кое го доживуваат децата, внатрешноста на зградата е закачена на алуминиумска решетка, што ја намалува визуелната висина на поставката, додека внатрешноста влева семејна топлина. Во меѓувреме, стаклените sидови од под до плафон овозможуваат сончевата светлина да тече низ внатрешноста, притоа формирајќи визуелна врска со старата дворна куќа. Тука, тристагодишната линеарна историја помеѓу старите и новите згради станува тродимензионална.

14_resize

Преодниот простор од првиот кат кон вкопаното ниво на источната страна од фоајето, паметно е проектиран како театар; чиј врв е опкружен со кружен ѕид од двојазични книги за цртани филмови. Театарската сцена воедно е и влез во двокатно затворено игралиште, кое е наменето не само како простор за детски активности, туку и место за целата градинка за одржување уметнички и спортски настани.

13_resize

Западната страна на фоајето води кон делот за учење, каде што проточниот просторен распоред создава слободна, заедничка атмосфера. Просторот за учење „без граници“, сеприсутното опкружување за читање и наставната програма насочена кон учење преку истражувачка игра, не само што ја збогатува интеракцијата помеѓу децата, туку исто така овозможува учењето да се одвиваат во оптимална атмосфера.

15_resize

Дворната куќа со три влеза, поврзана со новиот простор преку дворови и ходници, служи како место за воннаставните културни, уметнички и креативни активности на децата, како и канцеларија за персоналот. Настрешниците и плочките на дворовите и старите дрвја, исполнети се со историска и природна атмосфера поголема од должината на индивидуалниот живот; точка на инспирација и размислување во умовите на децата и шанса да го продлабочат нивното разбирање за историјата.

16_resize

17_resize

Градинката YueCheng Courtyard Kindergarten покажува колку неколку навидум различни, па дури и понекогаш контрадикторни елементи на архитектурата од различни историски периоди можат хармонично да коегзистираат додека ја одржуваат нивната автентичност и индивидуалност.

18_resize

Уште повеќе, тие можат да работат едногласно за да создадат нова отвореност и богатство, давајќи им на децата објективна и реална перцепција за нивната околина. Резултатот е разбирање за тоа како природата и историјата можат да донесат чувство на инклузивност на ново место, обликувајќи го уникатниот консензус и вредности на заедницата.

19_resize 20_resize

Испрати коментар

Scroll To Top