Локацијата на градинката во Колумбија се наоѓа во областа Rionegro која е со многу интересни природни карактеристики кои се фундаментални кога станува збор за проектот, велат за ArchDaily, авторите од колумбиското проектантско биро Estudio Transversal.
Разновидната топографија и постоечките големи дрвја се елементите кои влијаеле на проектот и на секој негов детал. Урбанистичкото планирање на градинката Монтесори започнува од фундаменталната идеја за кружење на објектот и неговиот контекст, покрај презентирање на простори кои поттикнуваат однос меѓу децата и неговите различни намени (училници, плоштади и градини).
Јавниот простор е третиран како едукативно и динамично сценарио, што овозможува да се одржуваат часови насекаде во градинката, приближувајќи ги децата до околината и поттикнувајќи ја нивната способност да комуницираат со природата.
Училниците се сместени на повисокиот дел од локацијата, а спортските содржини во долниот простор. Секоја зграда е круг со централен двор кој е поврзан со покриени надворешни коридори што ги поврзуваат просторите, формирајќи дисперзиран склоп. Проектот е планиран во фази (сега е изградена само еднен објект од целата композиција), што овозможува проширување на елементите на урбанистичкото планирање и градење на објектите за секоја едукативна потреба и направен да ги задоволи тие барања.
Кругот како едукативен простор е во согласност со филозофијата на Монтесори која го поттикнува личниот развиток на секое дете. Циркулациите на проектот се сметаат како места за средби кои не ја исполнуваат само функцијата за поврзување, туку и идејата да станат комплементарни простори на децата.
Централнаиот кружен двор функционира како простор за мешовита употреба, без оглед дали е за едукативни или рекреативни намени и служи за повеќе активности. Покрај тоа што дава идентитет на зградата, дворот е адаптибилно јадро кое е модифицирано според корисниците.
Еден од основните елементи на зградата што ја одредува нејзината главна слика е потрагата по природни и топли материјали. Идејата за подвижна градина која се негува и го создава човековиот однос со природата е охрабрена и е со цел таа да биде дел од развитокот на децата.