Насловна / Архитектура / Градинка во Кина проектирана да создаде кај децата врска со природата (ВИДЕО)

Градинка во Кина проектирана да создаде кај децата врска со природата (ВИДЕО)

Градинката Dalezhiye, голем образовен проект потпишан од бирото DIKA Architectural Design Center, излегува од урбаниот пејзаж на кинескиот град Лешан, редефинувајќи го конвенционалниот дизајн на јавните институции за најмладите.

2

Црпејќи инспирација од природни органски форми – земја и слив на три реки, па сè до градската статуа на Буда, стара 1.200 години и висока 71 метар, проектот на објектот има за цел во просторот да внесе локален културен идентитет.

А за да се нагласи атрактивноста на локацијата, градинката во Лешан добила свое име, што од кинески се преведува како „место на заборавена убавина“.

1

Воспоставување чиста врска со природата

Четири години по првата посета на локацијата, архитектонската пракса од Сијан неодамна ја заврши изградбата на градинката Dalezhiye, обликувајќи ја како динамичен простор што ги надминува типичните објекти со иста намена.

6

Екстериерот се карактеризира со брановидни форми инспирирани од планините, кои одразуваат облици од природата и поттикнуваат воспоставување чиста врска со природата, објасни водачот на проектот Ванг Жунбао.

16

9

Имагинацијата е ставена во фокусот на овој проект, покренати се иновативни, но и предизвикувачки архитектонски решенија, нагласи кинескиот архитект.

Така, објектот може да се нарече пресек на природата, архитектурата и когнитивното учење, нудејќи им на децата ран увид во префинетата убавина на светот околу нас.

7

8

Природна светлина за воспоставување хармонија

Дизајнот на ентериерот го предизвикува традиционалното просторно размислување. Организацијата на просторот приоритет дава на воспоставувањето хармонија со природата, што се постигнува со овозможување на продирање на значителна количина на природна светлина во внатрешноста.

5

Како што објаснува кинескиот архитект за Designboom, целиот проект имал за цел да ги подобри когнитивните способности на децата, нудејќи им силна врска со природата уште на рана возраст.

14

На крајот, впечаток е дека градинката Dalezhiye претставува искуствен и имагинативен простор каде архитектурата и природата се спојуваат во хармоничен однос.

Проектот настојува да ги редефинира архитектонските наративи и имагинации, нудејќи холистичка и инспиративна средина за растење на децата.

10 4 13 12 11

Испрати коментар

Scroll To Top