Насловна / Вести / Градините Лонгвуд – новогодишна бајка

Градините Лонгвуд – новогодишна бајка

Градините Лонгвуд претставуваат ботаничка градина која се наоѓа во сојузната американска држава Пенсилванија. На површина од 436 хектари (4.36 км2) таа е една од најголемите ботанички гардини во САД, отворена за посетители преку целата година, со голем број на автохтони и алохтони видови кои се одгледуваат на отворено или во затворен простор под строго контролирани услови. Таму се организираат предавања за професионалци и аматери од областа на хортикултурата, курсеви, тематски  сезонски атракции и голем број работилници.Longwood 2

Ботаничката градина се состои од голем број пејзажни остварувања во формален и неформален стил, како и 20 градини од затворен тип во форма на стакленици и пластеници со вкупна површина од околу 2 хектари. Во оваа градина може да се сретнат повеке од 4.500 различи растителни видови, како и голем број архитектонски остварувања. Приоритетот во оваа градина е ставен на одредени колекции на растенија. За секоја колекција има план за нејзино развивање во етапи. Основни колекции кои може да се сретнат во оваа ботаничка градина се: австралиската колекција, која вклучува изворни растенија со потекло од австралискиот континент, колекцијата на азалеи, бонсаи колекцијата во која се застапени голем број на бонсаи стилови, колекцијата на родот Buxus spp. – зеленики, колекцијата на хризантеми, папрати, јорговани, махонии, орхидеи, лилјани, јужноафриканска колекција, дабова колекција и многу други.Longwood 12

1

Во оваа ботаничка градина има пракса да се изработува и чува хербариум, како начин на документирање на колекцијата на живи растенија кои се одгледувале или се одгледуваат, а би послужиле за понатамошно таксономско истражување на идните генерации. Хербариумот освен за потребите на ботаничката градина е достапен за целокупната научна заедница во САД.Longwood 4

„Божиќ во Лонгвуд“ е една од сезонските атракции кои се случуваат секоја година. Тоа претставува празник на хортикултурата со кој се означува и почеток на сезоната на тематски атракции. Стартот е на 24 ноември и трае до 8 јануари. На отворениот простор од градините може да се видат повеќе од 500.000 светилки со кои се украсени повеќе од 120 дрвја. Највисокото украсено дрво во оваа ботаничка градина е околу 90 метри. Освен дрвјата осветлени се и фонтаните во градината во најразлични бои.Longwood 14

Longwood 15

Освен украсениот отворен простор посебна атракција за време на овој настан претставуваат трите најголеми стаклениците кои се специјално украсени во духот на божиќните и новогодишните празници. За таа цел се искористени повеке од 50 новогодишни елки украсени со црвени, златни и зелени стаклени украси, околу 15.000 сезонски растенија, вклучувајќи  божиќни ѕвезди, циклами и антириуми. Во еден дел е изработено цветно дрво од 10 метри височина од божиќна ѕвезда и орхидеи. Централно е поставена елка со висина од околу седум метри. Во музичката просторија има елка со висина од 5 метри која е украсена со декоративни елементи и венци, која се ротира. Елката е дел од музичка кутија која постојано се ротира во 360о.Longwood 8

Longwood 18

Една од атракциите кои се јавува за време на овој период во градината е минималистичката железница која се состои од пруга во должина од околу 120 метри.Longwood 3

Longwood 11

Longwood 6

 

Испрати коментар

Scroll To Top