Насловна / Вести / Градината која е најотровна атракција на светот

Градината која е најотровна атракција на светот

Najotrovna gradina vo svetot

Градините на дворецот  Alnvick  се „смртноносна“ туристичка атракција која годишно ја посетуваат 800.000 луѓе, кои не смеат ништо да допрат. Градините на Alnvick е комплекс на градини кои припаѓаат на дворецот во истоимениот град во Англија, а на туристите најинтересна им е т.н „отровна градина“ во која се наоѓаат повеќе од 100 отровни билки. Натписот на влезот во градината – „Овие билки можат да убијат“ никој не ги сфаќа несериозно, особено откако минатото лето седум посетители се онесвестиле минувајќи низ градината, најверојатно како последица од вдишување на мирисот од овие билки.

Najotrovna gradina vo svetot2

Всушност, се работи за комплекс од градини кои се создавале и проширувале постепено, а почетоците датираат од 1750 година кога на имотот дошол војводата од Нортуберланд. Неговиот наследник се занимавал со билки и бил првиот кој донел семиња од разновидни билки од целиот свет, а во средината на 19-тиот век, четвртиот војвода од истата лоза ја поставил конечната визија на грандиозната градина на која се наоѓаат хектари и хектари цвеќња и билки.

England, The Alnwick Garden, The Poison Garden, Tunnel

За време на Втората светска војна овие градини биле извонреден извор на храна, а по големата криза во дваесеттиот век биле затворени во 1950 година. Речиси половина век подоцна, поточно во 1997 година, војводката Џејн Перси со помош на славни дизајнери на градини од Белгија, го направила најамбициозниот проект од овој вид во велика Британија по Втората светска војна, во што вложила 42 милиони фунти.

Najotrovna gradina vo svetot3

Отровната градина во целиот овој комплекс додадена е во 2005 година, а туристите низ оваа градина се движат исклучиво во придружба на обучени водичи. Доближувањето или допирањето на билките е забрането. До идеја за создавање на ваква отровна градина, војводката дошла по посетата на градината на фамилијата Медичи во Италија.

Najotrovna gradina vo svetot4

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top