Во југозападна Кина наскоро ќе се појави необична населба која ќе содржи 45 високо-енергетски куќи, според проектот на Vincent Callebaut Architecture.
Населбата ќе се вика „Градина на ароми“, а ќе биде изградена на површина од 90.000 квадратни метри. Благодарение на соларните панели на покривите, населбата сама ќе се снабдува со електрична енергија, а со тоа ќе има своја земјоделска фарма, овоштарник и огромна градина. Сите гаражи и технички објекти ќе се наоѓаат под земја, а движењето низ населбата ќе биде можно со велосипеди или електрични мопеди.
„Градина на ароми“ е архитектура на иднината, и сите 45 вили ќе бидат во три различни дизајни. Секоја вила освен просторија за живот ќе има и градина (во внатрешноста или на покривот), со прекрасен поглед на околината.