Лоциран во шумски предел во Финска, малиот дом дизајниран од дизајнерот на енетериери Linda Bergroth и архитектот Ville Hara претставува комбинација од покриена градина и куќа за живеење. Зелената барака може да се користи за одгледување различни растенија, цвеќиња, чување градинарски алат, одмор и уживање. Конструкцијата, изработена од квалитетен фински бор и сигурносно стакло, формира модули во иста големина, што овозможува лесно додавање на повеќе модули за проширување на просторот.