Општина Центар донесе решение за затворање на градилиштето кај зградата на поранешно „Беко“ и околу него постави ленти и знак „затворено од градежна инспекција“.
Општина Центар го затвори градилиштето затоа што сопственикот не ја почитувал одлуката за забрана за градење.
„Пред три недели на инвеститорот му издадовме решение за престанок со градба. Но, и покрај таквото решение на градилиштето постојано имаше работници. Со ова решение се забранува влез во објектот. Доколку биде прекршена оваа забрана инвеститорот и изведувачот ќе добијат кривична пријава – вели градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ.
Зградата на поранешно „Беко“ иако нема дозвола од Општината досега се градеше. Откако беше урнат стариот објект, бидејќи според инвеститорот била нарушена конструкцијата. Проектантаката на објектот „Беко“ и добитник на наградата „Андреја Дамјанов“, Мимоза Несторова Томиќ тогаш изјави „Ја урнаа со изговор дека имало проблем со конструкција, тотално не се во право, бидејќи четири месеци не можеа да ја срушат. Можеше само пренамена да се направи“.
Со ДУП-от Мал Ринг од декември 2012 година, изработен од ИНПУМА, планери: Борисав Јосифов, Силвана Ванковска, Благоја Тагасовски и Блажунка Трпковска на оваа локација предвидана е поголема површина за градење од постоечката, градежната линаја е до улицата „Даме Груев“, односно во иста линија со катната гаража „Тодор Александров“, вкупната површина за изградба е 12.824 м2, а катноста е приземје, мезанин и шест ката. Класта на намени е Б, комерцијални деловни намени.
Каков сега ќе биде објектот од Општината велат дека ќе се знае кога ќе се заврши изработката на новиот детален урбанистички план.