Насловна / Вести / Градежните работници изгореа на високите температури

Градежните работници изгореа на високите температури

Владата на Република Северна Македонија препорача на градежните фирми во услови на топлотен бран (портокалова фаза) да ги прекинуваат своите активности на работа на отворено на градилиштата во периодот од 11 до 17 часот. Но дел од градежните фирми не ги почитуваат препораките.

гр_resize

Државните инспектори за труд од областа на безбедност и здравје при работа вршат инспекциски надзори на целата територија на Македонија, за спроведувањето на препораките на Владата во услови на портокалова (алертна) фаза. Издадени се решенија со наредба за реорганизирање на работното време, обезбедување на засолништа за заштита од директна изложеност на сонце, обезбедување на лична заштитна опрема на вработените за заштита од сонце, обезбедување на вработените со течности, почести паузи и ротирање на вработените и др. Исто така издадени се и забрани за работа на работодавачи кои се затекнати да работат во периодот од 11 до 17 часот.

Се охрабруваат вработените и граѓаните да пријавуваат во Државниот инспекторат за неспроведување на препораките на Владата од страна на работодавачите со цел да се постигне поголема ефикасност во работењето.

Испрати коментар

Scroll To Top