Насловна / Вести / Градежните работи на болницата „Св. Еразмо“ сеуште стојат, одговорноста сеуште колективна

Градежните работи на болницата „Св. Еразмо“ сеуште стојат, одговорноста сеуште колективна

Како што јавува порталот ОhridNews веќе шести месец градежните работи на новото крило во специјалната болница Св. Еразмо во Охрид се запрени. Иако објектот е готов над 80% тој не може да се заврши бидејќи се уште не е донесена одлука од страна на Министерството за здравство за неговата намена, односно дали тука ќе се пресели дел од Заводот за кардиологија во Охрид, како што беше најавено при почетокот на изградбата во 2015 година. Во меѓувреме тече рокот за искористување на кредитот од 3 милиони евра од Европската банка кој истекува во јуни, што може доплнително да ја искомпликува ситуацијата.
Од Министерството за здравство информираат дека дека градежните работи на новиот болнички блок се времено прекинати поради неколку констатирани недостатоци поврзани со проектните документации кои се појавиле во текот на самата градба. Исто така, болницата Св. Еразмо како корисник, согласно договорот за изведба имала обврски кои требало да ги изведе, меѓутоа за истите се соочила со недостаток на средства за реализација.

еразмо
„Дополнително, корисникот требало да ги ослободи операционите сали, но и тоа во одредениот момент не биле во можност да го реализираат поради објективни причини, па дошло до застој во градежните работи кои се времено прекинати. Во согласност со позитивните законски прописи, Министерството за здравство работи на надминување на оваа ситуација и се преземаат сите мерки за соодветно искористување на одобрените средства.“ – велат за OhridNews од Министерството за здравство.
Во однос на новата опрема за оваа установа, министерството за здравство информира дека дел е веќе набавена, додека останатиот дел ќе биде обезбеден согласно предвидената динамика за реализација на проектот.
Зошто реконструкцијата на специјалната болница Св. Ерзамо започнала без да бидат обезбедени неопходните средства за нејзино завршување и опремување, и без јасно дефинирана намена, и дали некој ќе одговара за тоа, засега нема одговор. Граѓаните, пак, се прашуваат дали и специјалната болница Св. Еразмо ќе ја доживее судбината на општата болница во Охрид каде градежните работи за реконструкција поради сериозни пропусти доцнеа неколку години, што се одрази на квалитетот на услугите и здравјето на охриѓани и пациентите од околните места.
Се ова ја покажува алармантно хаотичната состојба во нашето градежништво и проектирање. И покрај недозволиви пропусти при составување на проектни програми, проектирање, ревизија,изведба, надзор, каде точно се знае кои компании и инженери биле вклучени во целиот процес одговрноста сеуште останува колективна. Инженерската работа е мошне екзактна, прецизна и јасна, а одговорност за технички грешки и пропусти мора да се понесе.

Испрати коментар

Scroll To Top