Поповолни очекувања за вкупните порачки (договори) изнеле раководителите на градежните фирми во анкетата за деловните тенденции во четвртиот квартал лани. Раководителите очекуваат дека ќе остане ист бројот на вработените во наредните три месеци.
Како што соопшти денеска Државниот завод за статистика, индикаторот на доверба во четвртото во однос на третото тримесечје лани е зголемен за 0,4 процентни, а за два процента споредено со последниот квартал од 2014 година.
Оценката за економската состојба во четвртото тримесечје од 2015 е поповолна во однос на претходното тримесечје, а поповолна е и во споредба со последниот квартал во 2014 година. Оценката за финансиската состојба и оценката за сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти се понеповолни во споредба со претходното тримесечје. Во наредниот период се очекува продажните цени да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во четвртото тримесечје од 2015 година се над нормалата.
Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат зголемени трошоци за материјали со 18,9 проценти, зголемени финансиски трошоци (камати) со 17,8 проценти, зголемените трошоци за труд со 13 проценти и недостигот на обучен кадар со 12,5 проценти.