Деловната зграда Park Lane Office Center е модерен деловен објект со вкупна површина од 32.900m². Се наоѓа во еден од најбрзо растечките квартови во Софија, Бугарија и има одлична локација – близу до најголемиот трговски центар во градот и некои од најважните транспортни артерии.
Канцелариските катови имаат флексибилен отворен простор со нето висина од 3,10 m. Секој кат има тераса и целосно застаклена фасада, која нуди прекрасен поглед на планината Витоша.
Зградата е дизајнирана да ги исполни сите современи барања за деловна средина- класа А со висок стандард на завршна обработка и технички спецификации. Најсовремените технички системи кои се користат во нејзината конструкција овозможуваат пристап до големи количини свеж воздух во канцелариите. Постои и специјална технологија за УВ дезинфекција на воздухот. Овие спецификации го претвораат објектот во здрава зграда и обезбедуваат удобна и безбедна работна средина за сите вработени и клиенти.
Проектот е дело на архитектонско студио Планинг. Обвивката на зградата е застаклена висечка фасада Schüco FWS 50, според највисоките барања за енергетска ефикасност на профили, застаклување и звучна изолација. Вертикалните декоративни елементи во бронзена боја придонесуваат за подобрување на целокупниот енергетски модел и создаваат препознатлив изглед, кој наликува на баркод. Вградените прозорци од системот Schüco AWS 114 Klapp Fenster обезбедуваат природна вентилација во целата зграда.
Не случајно на крајот на 2021 г. ја освои наградата во категоријата „ЗГРАДИ СО ЕЛЕМЕНТИ НА ЗЕЛЕНА АРХИТЕКТУРА И ИНОВАЦИИ“ на најпрестижната манифестација од областа на инвестициските проекти, градежништвото и архитектурата во Бугарија – Националниот конкурс „Зграда на годината“.
Комерцијален текст