Насловна / Градежништво / Градежништвото претставува моторна сила на целокупниот напредок на човештвото

Градежништвото претставува моторна сила на целокупниот напредок на човештвото

KIR_5355
Градежниот инженер Емил Николов е член на проектантскиот тим на „Балкан Консалтинг“ и еден од сопствениците на друштвото. Со проектирање почнува во 1977 година, во проектантската  куќа „Гранитпроект“, каде што се изработуваа проекти од градежништвото. На почетокот е вклучен на објекти од рудникот Бучим, потоа автопатот Велес-Катланово, а потоа до денес се редат многу објекти.

За своите почетоци Николов вели: „Во тоа време технологијата на изработка на проекти беше класична – шибер, паус, туш, линијари, или како што денес велиме, се работеше тимски и пешки“. Во 1980 година, во експертски тим формиран од ИЗИИС, работи на процена на штети од земјотрес во Ел Аснам – Алжир. Во 1982 година во Либија работи на проектирање на клучка во Мисурата, детелина со четири листа со 1.200 монтажни носачи. Две години подоцна е во Ирак, каде што работи на мрежно планирање на градењето на воена база АлБагдад. Потоа се редат проекти, мост на реката Шкумбинит – Албанија, Збербанка – Москва, станбени згради во Запорожје, Македонска банка…Потоа работи на проектирање на железничката пруга Куманово-Деве Баир, автопатот Куманово-Деве Баир, автопатот  Гостивар-Кичево… Па идеен  проект за железничката пруга Кичево – до граница со Република Албанија. Па изработка на потконструкција на градските мостови во Скопје, кај Комплексот банки и кај хотелот Холидеј Ин и многу други објекти од високоградба, мостови и др.

Од 2002 година е во Друштвото за проектирање, изведување и истражување „Балкан Консалтинг“, кое е наследник на „Гранитпроект“, а од 2008 година е еден од неговите сопственици.

kamenicaКој е Вашиот херој?

Ламбе Коцарев. Тој е градежен инженер кој прв дипломирал на Градежниот факултет во Скопје, и ние, тогаш помладите инженери-проектанти, од него доста научивме. Неговите искуства доаѓаа од проблемите со кои се соочуваше при изведувањето на проектираните објекти.

Ваше мислење за македонското градежништво?

-Пред 20 години постоеја големи фирми, кои можеа да изведат секакви објекти, како во Југославија така и надвор од неа (Германија, Русија, Либија, Алжир, Ирак, Албанија и на многу други места). По распаѓањето на Југославија големите фирми не можеа да останат какви што беа, а се појавија и мали фирми кои беа заинтересирани само за профитот. Но денес се менува времето и начинот на работа.

Набројте три објекти, според Вас, најзначајни во македонското градежништво.

-Автопатот  Коридор 10, делницата Табановце – Гевгелија, инженерски конструкции, потоа, основното училиште „Песталоци“, објект кој е целосно сеизмички изолиран, и изградените хидротехнички објекти Брана Козјак, Брана Св. Петка,како и други хидротехнички објекти со кои може да се контролираат водите.

67 64Што претставува градежништвото во светот?

-Градежништвото претставува моторна сила на целокупниот напредок на човештвото, од минатото па се додека постои планетата. Со напредокот на технологијата како и материјалите стигнато е далеку, но поради непочитувањето на природните закони настануваат непожелни последици.

Каков е односот на младите кон градежништвото?

-Мислам дека младите веќе сфаќаат дека животот без градежништво е невозможен. Тие се воодушевуваат од грандиозните објекти што се изведени или се изведуваат, а со тоа се зголемува и интересот за градежништво.


DSC03957
Orman
DSC03975
Што е интересно за Вашите објекти
, а човек надвор од струката не може да го види?

-Долг е патот до реализација на една замисла на проектантите. Доста знаење и учество на сите проектантски фази. Откако сето тоа ќе се компонира во една целина, многу работи не може да се видат до реализација на проектот. Но, тука не е завршен проектот, потребно е негово следење, редовно одржување, за тој да фунционира според замислата на инвеститорот и проектантот.

На кои проекти работите во овој период?

-Реализација на санација на Мелнички мост кај Дебар, проектирање на вијадукти и потпорни конструкции на патниот правец Охрид – Пештани, следење на изработката на мостот кај Холидеј Ин, од проектот „Скопје2014“, и други објекти кои порано се проектирани, а сега се изведуваат или довршуваат. Ревизија на болниците во Штип, Кичево и „Мајка Тереза“ во Скопје.

DSC00940
Model
Ваши идни планови во градежништвото
?

-Многу  проекти се изработени во нашето биро, но како најитересно решение би сакал да се реализира проектот „Од Влае до Маџари без застој“. Идејата е на еден граѓанин, а ние во бирото сме подготвени да ја реализираме. Неостварен проект е мостот на реката Отовица кај Велешко Езеро. Столбовите се изведени, а носачите од горниот строј се излиени во делови на плацот на „Гранит“, во Делчево. Тие треба да се донесат на локацијата, да се монолитизираат и да се монтираат за да се заврши овој објект.

Исто така и реализација на проектот младите во тек на студиите да се едуцираат не само на факултетот, туку да бидат присутни и во реализација на некои проекти, како во нивното проектирање така и во оперативата. Ова го кажувам од искуство, бидејќи во нашето биро доста инженери го научиле занаетот и отвориле свои или отишле во други фирми.

Испрати коментар

Scroll To Top