Насловна / Вести / Градежниот отпад како голема закана за животната средина

Градежниот отпад како голема закана за животната средина

EU-konferencija-gradezen-otpad

На 14 септември Европската Комисија беше домаќин на конференција за градежниот отпад (DDR – Decontamination, Demolition, Recycling), на која учествуваа многу субјекти активни во тоа подрачје, со цел размена на искуства во однос на најдобрите практики и идеи за нови можности. Учесниците се запознаа со новиот Протокот за ЕУ за стопанисување со градежен отпад, отпад од рушење и негово понатамошно користење. Имено, овој вид на отпад е закана за животната средина и голем предизвик за ЕУ.

EU-gradezen-otpad-DDR2017

Секоја година настануваат два тона од овој отпад по жител. Токму затоа Европската Комисија пристапи кон изработка на Протокол кој ја регулира оваа област. Насоките од документот се базираат врз истражувањата на стручњаците замислени со цел повторна употреба и рециклирање на овој вид отпад.  Главната цел на Протоколот е да се зголеми довербата во процесот на стопанисување со овој отпад и квалитетот на рециклираните материјали кои се добиваат. Со зајакнување на пазарот за градежен отпад се создавата нови работни места.

EU-gradezen-otpad

Цената по тон отпад изнесува околу 10 евра, што значи дека на годишно ниво во ЕУ би можеле да се заштедат 7,5 милијарди евра. Но, освен користа за градежната индустрија, неспорна е огромната придобивка во заштитата на животната средина. Пазарот за градежен отпад воопшто не е новина, но  истиот е ограничен првенствено поради недовербата во квалитетот на рециклираните материјали и недоволната информираност за ризиците по здравјето. Секторот за градежен отпад е меѓу најголемите производители на отпад во Европа.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top