Насловна / Вести / Градежниците од регионот со заеднички настап на другите пазари

Градежниците од регионот со заеднички настап на другите пазари

trkalezna masa gradeznistvo region

Здруженијата за градежништво при стопанските комори од регионот, Македонија, Србија, Хрватска, БиХ и Република Српска, денеска потпишаа Договор за соработка чија цел е надминување на актуелните проблеми во секторот и заеднички настап на трети пазари.

Како што беше речено на тркалезната маса „Регионална соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари“ во Стопанската комора, соработката најпрво ќе почне со помали проекти, а таргет ќе бидат земјите од Блискиот и Далечниот Исток, Русија, Украина, ЕУ и земјите од Северна Африка.

Договорот, кон кој наскоро ќе се приклучат и Словенија и Црна Гора, предвидува компаниите здружено да насатапуваат и на домашните пазари, на тендерите за поголемите инвестиции финансирани од странски пари, кои засега, според нив, се исклучително ригорозни.

Trkalezna masa ZA GRADEZNISTVOTO VO RGIONOT
„Се соочуваме со расцепканост и неповрзаност во секторот, 95 отсто од фирмите се мали поради што одлучивме да се здружиме. Најголеми ни се шансите за настап на досегашните традиционални пазари, но сметам дека треба да бараме и други. Потенцијалот е голем, а се зависи од нас, од нашето здружување. Ќе одиме чекор по чекор, со помали проекти зашто прво мора да зајакнеме, дури потоа да правиме поголеми чекори“, истакна Дамир Перцел од Стопанската комора на Хрватска.

За производителите на градежни материјали атестите не се секогаш признати, има многу неусогласености во законската регулатива и царинските процеси, споро се добиваат работни дозволи. Ова се само некои од проблемите со кои се соочуваат градежниците во земјите потписнички на Договорот.dogovor balkanski gradeznici_resize

„Ние сме практично сервис за нашиште компании, да им помогнеме да се здружат за заеднички настап на нашите, но и на странските пазари. Многу малку засега можат смостојно да учествуваат на тендерите за поголемите инвестиции финансирани од странски извори. Ако се здружат, шансите се многу поголеми. Кога настапуваат надвор, пак, имаат проблем со банкарските гаранции, бонитетите, но, здружени, со заеднички референтни листи, секако ќе бидат подобри, помоќни“, истакна Никола Велковски, претседател на Здружението за градежништво при Стопанската комора на Македонија.

Согласно Договорот, здруженијата за градежништво на своите веб страници секојдневно ќе ги ажурираат тендерите, понудата и побарувачката во домашните и странските земји. Така фирмите ќе можат сами да црпат податоци и да договараат соработка.

Испрати коментар

Scroll To Top