Очекувањата за вкупните порачки за градежни работи во второто тримесечје се поповолни во споредба со претходното тримесечје, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во наредните три месеци се очекува и зголемување на бројот на вработени.
Оценката за економската состојба во второто тримесечје е поповолна во однос на првото тримесечје, а поповолна и во однос на второто тримесечје минатата година. Поповолна е и оценката за финансиската состојба во споредба со првото тримесечје.
Во наредниот период се очекува продажните цени да се намалат, а бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата во второто тримесечје од годинава се над нормалата.
– Најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемени трошоци за материјали со 22.9%, нема побарувачка со 16.0%, нема ограничувања со 15.1% и зголемени финансиски трошоци со 11.3 %, се посочува во соопштението од Државниот завод за статистика.