Насловна / Вести / Градежниците договориле повеќе работа во странство

Градежниците договориле повеќе работа во странство

gradeznistvo

Градежните компании во првите шест месеци од годинава договориле работа во странство во износ од 6.046.991 илјади денари што е за 27,7 проценти повеќе од овој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616.615 илјади денари што е за 41,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во овој период забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Хрватска и Франција.

Испрати коментар

Scroll To Top