На езерото „Младост“ кај Велес во тек се градежни работи за изградба на фекална канализациона мрежа во должина од 1.100 метри. Со неа ќе се поврзе постоечкиот колекторски систем и веќе изградената пречистителна станица.
Идејата е оваа локација и општина Велес да станат препознатлива туристичка дестинација, а општината веќе објави и повик за продажба на плацови наменети за изградба на хотели и мотели.