Во „ Златен рид “, новата населба која се протега на територијата на Старата касарна во Битола, поставена е фекална канализација, атмосферска канализација и водовод. Исто така, се прави коловоз во СРУ 1 во делот на АРМ Четврт 1 во вредност од милион евра, а до завршувањето на коловозот во СРУ 1 вкупната вредност за овој дел би достигнала до 1,5 милион евра.
Со задолжувањето што општина Битола го направи, преку Министерството за финансии кај Светска банка во вредност од 2,5 милиони евра, се планира да се завршат и други градежни активности од АРМ Четврт 1 и АРМ Четврт 2, и тоа атмосферска канализација, водовод, улично осветлување и коловоз.
Три објекти се веќе изградени, а осум фирми градат објекти од кои седум се домашни инвеститори, а еден е странски. Направени се реконструкции на повеќе стари објекти кои биле дел од Касарната, а во еден од реконструираните објекти се сместени Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и Факултетот за биотехнички науки. Во друг објект се наоѓа Правниот факултет.
Извршена е реконструкција и адаптација на Стреланата, а во реконструиран објект е сместено противпожарното друштво ПЕГАЗ ЕДУ, како и новата телевизија МЕГА.