Кога некоја куќа или зграда ќе се најде на пат на плановите за изградба, сопствениците можат да добијат сериозни пари или пак станбен објект во еквивалентна вредност како надомет за принудното иселување. Но сите не се согласуваат со понудата што ја добиваат.
На многумина не им одговара компензацијата што ја добиваат, а најупорните одат до крај и се спротивставуваат на рушењето и иселувањето по секоја цена. Во такви случаи се руши околниот простор и градбата продолжува.
Таквите објекти остануваат или на средина на патот или пак околу нив никнуваат цели нови населби.
Колкава е вредноста што можат да ја добијат сопствениците потоа, е интересно прашање. Во галеријата ќе видите вакви необични примери во Кина.