Насловна / Вести / Градежен камп во Свети Николе за изградба на автопатот Штип-Миладиновци

Градежен камп во Свети Николе за изградба на автопатот Штип-Миладиновци

sveti nikole
Претставници на кинеската компанија „Синохидро Корпорејшн Лимитед“ која ќе ги гради автопатите Штип – Миладиновце и Охрид – Кичево, пристигнаа во Свети Николе. Тие од локалните власти побараа да им биде обезбедена површина од 30.000 метри квадратни за изградба на главниот камп каде ќе бидат сместени околу 60 инжинери и целокупната логистика од македонските градежни фирми.

Земјиштето е лоцирано кај хотелот Овче поле, а ќе биде опремено со целокупната инфраструктура за нормално работење и живеење на кинеските градежници.

– Свети Николе е на добра локација, па затоа одбравме кампот да биде овде, рече  Ли Ка, претсавник на кинеската компанија  „Синохидро Корпорејшн Лимитед“.

Стартот на градежните активности е планиран за крајот на февруари идната година, а целата инвестиција за оваа делница е 206 милиони евра.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Зоран Тасев вели дека кинаските претставници веќе неколкупати биле во посета на Свети Николе, а во текот на наредните два месеца, Општината ќе ги обезбеди и сите потребни документи за локацијата каде што ќе биде градежниот камп за изградба на автопатот Штип-Миладиновци.

–    Не само што ќе има бенифит градот од изградбата на автопатот, ќе има бенифит и од нивното присуство овде, вели Тасев.

Кинеската компанијата „Синохидро Корпорејшен Лимитед” ќе ги гради автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Двата автопата  ќе се градат со кредит од кинеската „Ексим банка“ во износ од 580 милиони евра. (МИА)

 

Испрати коментар

Scroll To Top