Како една од најпознатите згради во Њујорк и во светот, објектот Flatiron (во слободен превод – пегла) била/е иновативна архитектонска порака на почетокот на 20 век. Дизајнирана од архитектот Daniel Burnham, зградата била завршена во 1902 година.
Зградата Flatiron во тоа време претставувала врвен дизајн на архитектурата во ерата на градењето на облакодери од челични конструкции во САД. Позната по триаголната форма и раскрсницата на Петта Авенија и Бродвеј, зградата Flatiron со своето присуство комплетно ја трансформирала целата област на Менхетен.
1902
Истовремено, триаголниот простор создаден со вкрстување на Петта Aвенија, Бродвеј и 23-та улица создадоа една од најреномираните и најпознати градби во архитектурата. На земјиштето на кое сега се наоѓа во зградата чембер помина низ многу раце пред да стане она што е денес.
Со оваа парцела купена од страна на Harry S. Black, директор на компанијата Fuller – градежна компанија специјализирана за челични конструкции и облакодери – се имало намера да се изгради главното седиште на компанијата Fuller.
1885
После тоа, Harry S. Black го ангажирал познатиот чикашки архитект Daniel Burnham да ја проектира зградата Fuller – чие име подоцна било изменето во Flatiron поради историските и локациски референци.
Со зградата Flatiron, Burnham го искористил обликот на парцелата за да се креира базата на зградата; имплементирал ренесансна проектна естететика со стилот на Beaux-Arts (неокласичен архитектонски стил предаван на факултетот Ecole des Beaux-Arts во Париз), што резултирало со тростран челичен облакодер кој потсетува на антички столб: основа, тело и капител. Слично на постарите „преседани“ во архитектурата, Flatiron зградата изгледа тешка и цврста, бидејќи има солидна база, која станува потенка како што се движи кон капителот.
1902
Еден од најинтересните аспекти на зградата Flatiron е дека неговиот дизајн ја нагласува триаголната локација, која е настаната заради остриот агол кој го создаваат Петта Авенија и Бродвеј, каде што северниот дел на зградата е широк само два метри. Нејзиниот тесен профил создава интересна просторна конфигурација внатре во зградата каде што косите ѕидови ги „сместуваат“ тесните аглести канцеларии кои овозможуваат панорамски поглед на Менхетен.
Веќе повеќе од 100 години, зградата Flatiron е архитектонска икона и меѓународна туристичка атракција. Иако е се уште приватна деловна зграда, овој факт не ги спречува луѓето и натаму да се восхитуваат, кога првпат ќе ја видат.
Од страна на градот Њујорк, како и САД, зградата е прогласена за историски споменик и културно наследство.
24 август 1902