Ark of Bukhara (Ark Citadel) е монументална тврдина во северозападниот дел на Buharа – главниот град на истоимената покраина во Узбекистан, која привлекува голем број на туристи. Оваа земјена градба во облик на неправилен правоаголник е изградена уште во 5-тиот век како воена тврдина и резиденција на локалните владетели, но и учители и уметници.
Легендата вели дека е изградена од страна на народниот јунак Siyavush за својата сакана, и дека го обвивала речиси целиот тогашен град. Таа функционирала како „град во градот“ со државни канцеларии, библиотека, коњушница и слични простори од заеднички интерес. Целата тврдина опфаќа 9,8 хектари површина и се смета за најстара градба во Бухара. Височината на ѕидините е помеѓу 16 и 20 метри. Во текот на долгата историја, Бухара била под опсада многу пати, што предизвикало чести разрушувања и обнови. Како воено утврдување се користела се до руското освојување во 1920 година, кога добар дел од тврдината бил разрушен. Денес на овој простор се наоѓаат неколку музеи, кои сведочат за богатото минато на Бухара и околината.