Седмиот по ред културен центар, кој ги отвори вратите за посетители летово, а финансиран од некомерцијалниот фонд La Caixa, е изграден во Сарагоса, Шпанија, според проектот на шпанското биро Estudio Carme Pinós.
Задачата на архитектите била да направат здание кое би се „чувствувало како град“.
Новиот културен центар сам по себе претставува градски простор со архитектонска форма. Однадвор со плоштадот и градината, што тој ги формира со своевидна архитектонска форма, а однатре место за разни општествени активности, кои ги организира градот, театарски претстави, предавања, проекција на филмови, конференции, музички концерти и изложби.
Дури и подвижните скали на секој кат, откривајќи им на посетителите нови и неочекувани агли на градбата околу нив, се претвораат во своевидна проекција на обична градска улица по вертикала.