Шангај е финансиски центар на Кина и град со најголем број кафулиња во светот. Пред две години беше на врвот на листата на градови со најголем број кафулиња, претекнувајќи ги Токио и Лондон. Се вели дека Шангај е во посебна „љубовна врска со кафето“.
Културата на посета на кафулиња во градот се развива со години, но доживеа експанзија по Ковид. Тогаш мештаните го прифатија животот на отворено, дружејќи се со пријателите и семејството. Бидејќи понудата е голема, голема е и конкуренцијата, па многу сопственици и менаџери на кафулиња се загрижени за иднината.
Во некои кинески градови доминираат брендови како „Старбакс“ и „Лукин“, во Шангај тоа е вистинска индустрија.
Една од сопствениците на кафуле во Шангај истакна дека немала избор, дека влегла во бизнисот, но дека нејзиниот совет до идните кафулиња е да размислат пред да влезат во ваков сериозен бизнис, бидејќи заработката во однос на вложувањата е минимална.
Во Шангај „да се биде виден“ во кафуле се смета за модерно и урбано, особено кај помладите генерации.
Како што истакнува еден од жителите, градот е космополитски, интернационален, комерцијален, во кој има традиција да се пие кафе во кафулињата.
Кинескиот пазар на кафе беше проценет на повеќе од 35 милијарди американски долари во текот на претходната година. Се проширува и се предвидува да се зголеми за уште 13 милијарди американски долари.
Во Кина раст бележи и пазарот на брендирани кафулиња, за околу 58 отсто, наведува World Coffee.
Во Шангај просторот што се користи како кафуле преку ден, се претвора во бар во текот на ноќта поради високата цена за изнајмување простор.