Насловна / Вести / Град Скопје ќе рециклира градежен отпад

Град Скопје ќе рециклира градежен отпад

Град Скопје, Смарт Ап (НВО во склоп на Скопје Лаб ) и ЈП Дрисла се добитници на ИПА Проект со вредност 800.000 евра за Управување со градежен отпад и негова повторна употреба. Проектот ќе се реализира две години, соопштија од градската администрација.

На Скопје и Скопскиот плански регион му недостига модерен регионален центар за процесирање и рециклирање отпад, со воведувањето на циркуларни принципи токму во оваа гранка, ќе има огромно влијание врз индустрија. Според направените истражувања Македонија генерира околу 1,95 милиони тони градежен отпад годишно.

Крајните корисници на услугите, како и на придобивките од овој проект се Градот Скопје, Јавното Претпријатие Дрисла, градежните компании и граѓаните на Скопје.

„Со проектот имаме за цел да ги детектираме и мониторираме неконтролираните депонии со помош на ГИС системи, а податоците кои ќе се генерираат ќе бидат дата база за инвентар и првични официјални информации за иницијално идентификување, дигитализирање и набљудување на градежниот отпад“, велат од Град Скопје.

го_resize

Предвидена е и набавка на соодветна механизација како дробилица за градежен отпад, камиони за транспорт и механизација за сортирање на различни видови на отпад.

Во конзорциумот на имплементатори на овој проект се вклучени и пионерите во воведувањето на циркуларна економија и рециклирање на отпад, Нова Горица од Словенија, државата која успешно ја спроведе стратегијата Нула Отпад. Градот Нова Горица ќе биде вклучен во сите процеси на развој и имплементација на овој проект, ќе биде добар пример и ќе му помогне на конзорциумот во реплицирање на проектот на локално ниво.

Со реализацијата на проектот се очекува да се зајакнат капацитетите на локалната власт во однос на обучен кадар во областа на циркуларните принципи и креирање на нови работни места кои ќе бидат пионери токму во оваа гранка, воведување циркуларна економија, намалување на бројот на нелегални депонии за градежен отпад и шут за 20 отсто, како и намалување на градежниот отпад во целост за 30 отсто, се вели во соопштението до медиумите.

Испрати коментар

Scroll To Top