Насловна / Арт и дизајн / Град Скопје е збогатен со мурали инспирирани од коронавирусот (видео)

Град Скопје е збогатен со мурали инспирирани од коронавирусот (видео)

На пет локации во Скопје група уметници преку Центарот за современи уметности (САС), спроведе уметнички акции со цел да се оддаде јавна благодарност на сите коишто се на првата линија на одбрана на граѓаните од коронавирусот.

IMG_20200510_085839_resize

„Добро е да не се општиме премногу и да се потсетиме на тоа дека треба да се внимава. А од друга страна и да дадеме една благодарност на оние кои беа на прва линија на одбрана: здравство,комунални служби, сите доставувачи на храна, продавачи, полиција која овозможи општеството да функционира“, изјави Никола Писарев од САС за телевизијата Телма.

IMG_20200510_085856_resize

Граѓаните можат да ги видат муралите пред поликлиника Бит Пазар, на фасадата на Мобилната монтажна галерија во Парк на франкофонија, Железничка станица и рампата на кејот на Вардар.

 

IMG_20200510_085819_resize 1_resize

фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top