Насловна / Арт и дизајн / Град Скопје бара куратор за изложба во рамки на европскиот проект „Креарт“

Град Скопје бара куратор за изложба во рамки на европскиот проект „Креарт“

Град Скопје ги повикува заинтересираните историчари на уметноста, кустоси или куратори да учествуваат во постапката за селекција на куратор-кандидат од Град Скопје за можен куратор-селектор на изложба во рамки на европскиот проект „Креарт“.timthumb.php

Град Скопје се вклучи како партнер во европскиот проект на мрежата Креарт (CreArt – http://creart-eu.org) поддржан од програмата на Европската комисија „Креативна Европа“.

Како дел од активностите на мрежата еднаш годишно ќе се организира „Заедничка eвропска изложба“ која ќе патува во три различни градови и на која ќе учествуваат уметници од сите партнерски градови, избрани од еден заеднички европски куратор.

Првото издание на изложбата ќе биде организирано во 2018 година во три града учесници во проектот Креарт, а нивниот распоред и рута ќе биде: Ваљадолид, Шпанија: мај-јуни 2018 година, Ливерпул, Велика Британија: јули-август 2018 година и Лублин, Полска: септември-октомври 2018 година.

– Град Скопје заедно со преостанатите партнери на мрежата Креарт ќе му предложат на координаторот (градот Ваљадолид, Шпанија) кандидати за куратор со кратки биографии и краток предлог на тема за изложбата. Кураторите може да припаѓаат на градовите-партнери, но треба да имаат меѓународно искуство како кустоси или куратори на изложби и течно да говорат англиски јазик, соопшти Град Скопје.

Заинтересираните треба да поднесат биографија на англиски јазик со кратко писмо за мотивација најдоцна до 14 јули 2017 година на електронската адреса: [email protected].

Условите за учество и повеќе детали за конкурсот може да се добијат на веб-страницата www.skopje.gov.mk и на телефонските броеви 02/3297323 и 070 419-741 кај координаторот на прокетот „Креарт“ од Град Скопје Нада Пешева.

Испрати коментар

Scroll To Top