Со решение на градоначалникот на Белград, назначен е за прв пат енергетски менаџер. Тоа е докторот по технички науки Милош Бањац, редовен професор на Катедрата за термодинамика на Машинскиот факултет. Тој има мандат од две години и ќе биде ангажиран во областа на управувањето со енергијата на подрачјето на градот. Конкретните задачи опфаќаат собирање и анализирање на податоци за начинот на користењето на енергијата во објектите под надлежност на Град Белград. Одговорен е и за подготовката на Планот за енергетска ефикасност на Град Белград, како и да подготвува и предлага мерки за енергетска ефикасност и да се грижи за нивната имплементација. Во својата работа тој е независен и самостоен, а стручните и административно – техничките работи за него ќе ги врши Градската управа на Град Белград – Секретаријат за енергетика.