Трите големи напади во Централ Парк минатата недела за само 27 часа, како и вртоглавиот пораст на бројот на напади и грабежи, ја претворија зелената оаза на Њујорк во место за избегнување и предизвикаа спомени од најлошата ера од пред четири децении.
„Грабежите и нападите вртоглаво растат во Централ парк, оставајќи ги туристите, родените Њујорчани и оние кои таму живеат на работ на страв, принудени да ја променат својата секојдневна рутина“, пишува Њујорк пост, додавајќи дека зголемувањето на криминалот е резултат од мешавина на насилни тинејџери, скитници и мигранти кои не ги средиле документите.
Во 2024 година е забележан пораст на бројот на грабежи за 222 отсто, во споредба со истиот период во 2023 година, според полицискиот оддел на Њујорк, кој нагласува дека овогодинешните 29 инциденти поврзани само со грабежи го надминуваат вкупниот број пријавени напади во 2019 година.
Бројот на тешки кривични дела во паркот се зголемил за 49 отсто – од 47 на 70. Годинава биле пријавени и две силувања, споредено со ниту едно во истиот период лани, покажуваат податоците.
Кирстен Едвардс, која живее на Апер Ист Сајд, вели дека морала да го промени времето на доаѓање во Централ парк, што дури може да биде уште поопасно наутро, бидејќи во тоа време има многу луѓе со ментални здравствени проблеми.
„За да го прошетам кучето, морам да почекам да одмине денот“, рече таа, додавајќи дека никогаш не се чувствувала толку небезбедно во Централ парк како во последно време.
Зголемениот криминал ја менува секојдневната рутина, вели Алисон Кембриџ, која трча во паркот речиси три децении. Денес, вели дека мора да трча блиску до патот и тамо каде што луѓето можат да ја слушнат.
„Тоа е голема срамота, бидејќи досега никогаш не морав да се грижам за безбедноста“, вели Камбаџ (46), кој сега мора да избегнува неосветлени и празни патеки.
„Секогаш гледам преку рамо кога одам или кога трчам“, додава и вели дека проблемот е што сега се плаши и од сенката ако трча со слушалки.
„Некои од проблемите произлегуваат од најмалку едно блиско засолниште за мигранти“, вели жена (57), мислејќи на хотелот „Ватсон“ со 600 соби на Западната 57. улица, кој беше претворен во центар за мигранти во ноември 2022 година.
Во тој дел од градот, њујоршката полиција забележала скок од 96 отсто на грабежи и 60 отсто скок по број на напади.
Затоа, како што додаваат Њујорчани, не е изненадување што криминалот се прелил во Централ Парк.
61-годишен банкар, кој се претставил како Џон, вели дека доаѓа во паркот со децении и дури неодамна забележал поголемо присуство на полицијата, која дури и ѝ кажала на неговата сопруга да не оди сама во паркот.
„Никогаш не ја пуштав сама во паркот навечер, но ми рекоа дека треба да внимаваме и преку ден. Тоа е чудно, вознемирувачко“, вели Џон кој се согласува дека новонастанатата ситуација ја променила секојдневната рутина на прошетка низ паркот.
Извор: Еuronews