Вклучете се во акцијата за Денот на планетата Земја на 22 април (петок), која се случува низ целиот свет и покажете ја вашата љубов кон природата, со тоа што ќе прегрнете или, уште подобро, ќе посадите дрво. Оваа година, 22 април е посветен на дрвјата како бели дробови на планетата Земја, а воедно на овој ден, политичките лидери ќе го потпишат „Парискиот договор за климатски промени“ во Обединетите нации во Њујорк, САД, кој треба да обезбеди одржлива иднина базирана на обновливи извори на енергија. Со приклучување во оваа акција се приклучуваме на глобалната акција која се случува во стотици градови низ целиот свет и заеднички ќе испратиме силна порака до политичарите дека сакаме повеќе кислород (O₂)и помалку јаглерод диоксид (CO₂).
Како може да се приклучите?
Направете една слика од вас како садите дрво, или прегрнувате дрво, и поставете ја на некои од социјалните медиуми Facebook, Instagram или Twitter, и искористете го хаш-тагот #GG4Trees#HugATreeWithPassion
Фотографиите ќе бидат промовирани на нашата „Facebook“ фан страница „Go Green –Биди Зелен“ и оние што ќе испратат ќе бидат повикани да се приклучат на „Gо Green“ тимот. Тимот „Гоу Грин“ исто така ќе постави инфо-штанд во Градскиот парк во Скопје и ќе подарува садливи картички на посетителите со едукативни пораки, и воедно ќе ги охрабруваат поминувачите да посадат дрво и испратат фотографија. Приклучете ни се во испраќање на пораката јасно и гласно дека „Сакаме кислород, а не јаглерод диоксид! Да престане илегалното сечење на шумите и загадувањето од фосилните горива“.
За дополнителни информации и коментари следете го „Facebook“ настанот на следниов линк https://www.facebook.com/
#GG4Trees #HugATreeWithPassion #