Палатата на шпанската влада, која уште се нарекува „generalitat“, е позната по својата готска структура и е лоцирана во центарот на Барселона. Овој објект кој претставувал дом за 129 претседатели го прослави својот 600-ти роденден. Со цел да се прослави роденденот на палатата, шпанскиот фотограф David Cardelús визуелно го претстави објектот преку својот објектив. Предизвикан од структурата на вредното наследство, тој се одлучил за поинаков пристап. Наместо да се фокусира на сложеноста на објектот и безбројноста на деталите, тој oдлучил да се фокусира на едноставноста на објектот, на прозорците, арките и останатите носечки елементи, дворовите ги претставува како места на континуитет, деталите преминуваат во форми, а материјалноста ја менува бојата според светлината што паѓа врз неа. Преку ваквиот апстрактен пристап, неговите фотографии дефинитивно ја прикажуваат убавината на историската зграда.