Не може да се види секој ден готска црква која е претворена во декадентен стан, па можете да се замисли колку коментари овој проект предизвикал. Оваа луксузна вила се наоѓа во Лондон, и е достапна за купување по цена од 16 милиони долари. Иако од надвор и натаму има изглед на црква, во ентериерот може да се види богатство на стил и луксуз на најдобар можен начин.
Клупите и крстовите се тргнати, и сега поранешната црква има топли подови со префинети детали во мермер. Нејзината висина овозможува креирање на прекрасна дневна соба и кујна, а покрај нив има и една спална соба на пониско ниво, како и три дополнителни на горни нивоа, при што секоја од нив има своја бања.
Овој простор има луксузен бар со доволно места за шест лица, за релаксација со коктел или друг пијалок после работа.
Исто така, овој редизајниран дом сега има и голем двор, со разни водопади и сала за вежбање.