Насловна / Вести / Со горивни ќелии до големи заштеди за домаќинствата

Со горивни ќелии до големи заштеди за домаќинствата

Gorivni kelii - Britanija

Горивните ќелии на британската компанија Ceres Power  наменети за користење во домаќинствата, можат да генерираат топлинска и електрична енергија од природниот гас, со висока ефикасност на трансформацијата. Притоа може да се произведе доволно електрична енергија за полнење на електрично возило и да се намали оптоварувањето ан електричната мрежа. Ова ново техничко решение би можело да ги намали трошоците за енергија во домаќинствата во Британија и до 400 фунти, и да ги намалат емисиите на јаглерод диоксид.

 

Gorivni kelii-Britanija1

Горивните ќелии можат да ги снабдат домаќинствата со 80% од вкупната просечна потреба од енергија, без штетни емисии. Исто така, можат да се користат ид одржливи горива како биогас, етанол и водород.  Поради се поголемите промени на енергетскиот пазар, горивните ќелии би можеле да приодесат за урамнотежување  на растечката потреба од енергија поради електричните возила и базите на податоци. Тие претставуваат флексибилно решение со голем потенцијал, што ќе ја растовари електроенергетската мрежа.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top