Температурите во Србија, Романија и Хрватска повторно достигнаа до 39 степени Целзиусови.
Во регионот е регистрирано едно од најтоплите и суви лета, за време на кое загинаа неколку лица и избија десетици шумски пожари.
Србија е една од најнастраданите земји, а експертите наведуваат дека 60 отсто од житните насади се уништени.
Српските владини претставници посочија дека евентуалниот недостиг од жито ќе биде покриен со државните резерви.