Компаниите „Горење“ и „Фолксваген“ заеднички работеа на дизајнирање на ретро модел на фрижидер според обликот на легендарното комби волизо VW T1 претставено на пазарот во далечната 1950 година. Се работи за едно од најпрепознатливите дизајни на возила од 20тиот век. Ова специјално издание на ретро фрижидери е претставено во две комбинации на бои: винтиџ- нежно сина, и бордо – шампањ.
Овој несекојдневен дизајн ќе биде претставен на IFA (Internationale Funkausstellung) саемот во Берлин, еден од најпознатите саеми за потрошувачка електроника и апарати за домаќинство, кој ќе се одржи во септември годинава.