Автомобили од Google Street Maps го следат загадувањето на воздухот во Калифорнија. Новата кампања е започната со цел добивање на подетални податоци за загадувањето и попрецизна анализа на ефектите од загадувањето. Својата технологија, Google ја применува за мапирање на загадувањето во сојузната држава Калифорнија, поточно во заливското подрачје на Сан Франциско, како и во Лос Анџелес. Возилата кои ја имаат оваа задача имаат опрема (сензори за квалитет на воздухот) за собирање на податоците за квалитетот на воздухот во секоја точка каде застануваат.Предмет на мерења се нивоата на азотни оксиди, озон, јаглерод и јаглеродни оксиди, цврсти честички и метан. Вообичаено, загадувањето се мери на ниво на град, а ретко тоа се прави блок по блок и во реално време“ вели Karin Tuxen-Bettman, програмски директор во Google Earth Outreach, во својата најава за оваа кампања.
Утврдено е дека присуството на азотни оксиди кои го формираат опасниот смог е опасно за здравјето. Калифорнија воопшто не е имуна на ефектот од овој полутант со оглед на нивото на сообраќајот, како и фабриките на нејзината територија.
Истражувањето исто така покажува дека постојат и други фактори кои го интензивираат загадувањето на воздухот како што се временските услови и топографијата. Затоа, често полутантите остануваат заробени на подрачјето помеѓу западниот брег и планинскиот предел на Сиера Невада. Ова резултира во опасни нивоа на цврсти честички и озон кои ги надминуваат стандардите за јавно здравје. Google има креирано посебна веб страница каде што научниците и истражувачите ќе можат да пристапат кон акумулираните една милијарда снимени точки по однос на квалитетот на воздухот.
super-no pristapot do tie akulmulirani miljarda mereni tocki treba da bide potransparenten ne monopolski -zosto se stava granica -limit-strucnaci i istrazuvaci i laici