Насловна / Вести / Google Translate со софтвер кој користи неврални мрежи

Google Translate со софтвер кој користи неврални мрежи

Google се обидува да го подобри функционирањето на Google Translate, така што поддржуваат сè поголем број јазици со својот софтвер за преведување.

Софтверот користи длабоки неврални мрежи – компјутерски системи кои се базираат на работата на човечкиот мозок и нервниот систем, за да можат да преведуваат цели реченици, не само фрази, пишува Business Insider.google translate

Google објави дека рускиот, виетнамскиот и хинду јазиците веќе во следните неколку недели ќе бидат обработувани со неврален машински превод. Осум светски јазици веќе ја користат таа технологија.

„Невралниот превод е значително подобар од поранешната технологија, затоа што одеднаш се преведуваат цели реченици, наместо само делови. Заради тоа преводите се попрецизни и звучат поблиску на начинот на кој се зборува конкретниот јазик“, објаснуваат од Google Translate, додавајќи дека во следните недели ќе продолжат со префрлување на други јазици  на новиот систем.

Испрати коментар

Scroll To Top