Во почетокот на 2013 година Google се прослави со своите нови извонредни канцеларии во Тел Авив кои се простираат на речиси 8000 м2. Овие канцеларии во Тел Авив се дизајнирани од страна на Camenzind Evolution. Овој комплекс кој се развива на 8 ката по височина може да се пофали со одличен поглед кон градот.
Сигурноста на вработените е на највисоко ниво, а во внатрешноста на комплексот акцентот е ставен на креативноста и тимската работа.
Како белег на локалната култура, секој кат од овој комплекс е дизајниран според различни карактеристики. Во комплексот се сместени три различни ресторани кои ги задоволуваат потребите на сите вработени.
Јасно се разграничени просторите за работа кои бараат мир и тишина од просторите за социјализација и рекреација кои можат да бидат и побучни.
Рустично декорираните сали за конференции нудат непосредно соочување со градот под овој објект како и со околината.
Google не би бил Google доколку не ги употреби своите препознатливи свежи бои, во овој случај во просториите наменети за дневен престој и одмор.
Што би била Google канцеларијата без делот за забава. И овој комплекс изобилува со простории за игра, релаксација, рекреација, а исто така и природата е вметната во внатрешноста на овој комплекс.