Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / “Google” ја купува енергијата од холандски ветерен парк

“Google” ја купува енергијата од холандски ветерен парк

google-data-center-01
Компанијата “Google”  издаде соопштение за јавноста во кое  наведува дека ќе ја откупи целата количина електрична енергија произведена од холандскиот ветерен парк со моќност од 62 MW. Со оваа енергија ќе се напојува центарот за податоци на оваа компанија кој се гради во Емсхавен во Холандија.

Центарот за податоци би требало да биде завршен во 2017 година, а компанијата „Google“ има во план истиот во целост да се напојува од обновливи извори на енергија. Ветерниот парк ќе биде комплетно завршен во 2016-та и ќе стартува со производство. Деталите од договорот не се соопштуваат, но веќе е познато дека се работи за договор во времетраење од 10 години. Инаку, компанијата „Google“ во моментот  обезбедува околу 35% од потребите за енергија од обновливи извори.

Испрати коментар

Scroll To Top