Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Google инвестира над една милијарда долари во обновливи извори на енергија

Google инвестира над една милијарда долари во обновливи извори на енергија

datacenter
Компанијата Google ќе инвестира над една милијарда долари во зелена енергија, во обид да ги намали трошоците за одржување на „Data“ центрите и друга ИТ инфраструктура. Притоа оваа инвестиција не е крај на плановите на компанијата, откриваат официјалните лица пред телевизијата CNBC.

Google во моментов е меѓу лидерите во технолошкиот сектор, по своите иницијативи за развој на обновливите извори на енергија.„Инвестиравме над милијарда долари во 15 проекти кои имаат капацитет од 2000 MW“, коментира директорот на одделот за енергија и одржливост на Google, Рик Нијдхам.„Нашата цел е да користиме 100% зелена енергија. Има многу предизвици за да го постигнеме тоа, вклучувајќи ги и мноштвото различни закони и барања во различни места во светот“, додава тој.

На крајот на минатата недела во Калифорнија, Google ја активираше и една од најголемите соларни централи во светот, со инсталиран капацитет од  392 MW.

Испрати коментар

Scroll To Top