Chrome го промени своето лого за прв пат од 2014 година. Промените се многу суптилни, така што тие можат да поминат незабележани. Најважната промена е зголемувањето на синиот круг. А потоа исчезнаа сенките од зелените, црвените и жолтите рамнини. Сегашното лого изгледа многу попривлечно и поефикасно.
Логото на Chrome нема да изгледа исто на сите системи. На ChromeOS логото ќе изгледа пошарено, додека на MacOS ќе има мала сенка, како некој начин да излегува. На Windows 10 и 11, логото ќе се вклопува во стилот на другите икони на Windows.
Интересно е тоа што од 2008 година до денес, Google Chrome отфрла се повеќе делови од своето лого. Додека во 2008 година логото беше 3Д, сега имаме 2Д симбол.