На овогодишното издание на Женева Мотор Шоу, кое главно е во знак на скапоцени суперавтомобили и имагинарни концептни модели, еден од најголемите производители на гуми „Goodyear“ претстави револуционерна нова гума, која е способена да ја полни батеријата на електричниот автомобил во движење.
Еден од најголемите проблеми на електричните автомобили, односно нивната инфраструктура, е стравот од празна батерија, па компанијата „Goodyear“ нуди свое решение за проблемот.
Основната идеја на гумите BH03 е да ја користи топлината добиена во текот на возењето и да ја претвора во електрична енергија која ја напојува батеријата на автомобилот. Гумата BH03 на површината има темноцрни засеци со посебни текстури кои ја апсорбираат светлината и топлината. Сончевата светлина ја загрева гумата додека автомобилот е паркиран, и на тој начин се додава топлина која може да се конвертира во електрична енергија.
Се работи за концепт кој сосема е извесно дека нема наскоро да се појави на пазарот, но секако укажува на сериозниот напредок во оваа индустрија.