Насловна / Архитектура / Good Hotel – пловечки хотел на Темза

Good Hotel – пловечки хотел на Темза

good-hotel-na-temza

Архитектонски исклучително необичен концепт на хотел лоциран во Лондон на реката Темза. Но, не само што изгледа поинаку, туку тој и во суштина е различен од другите. Сместен во близина на Новотел и Ибис, за разлика од нив профитот од овој хотел се враќа назад во бизнис заедницата преку континуирани бесплатни обуки и вработувања на загрозени категории во локалната заедница. Најмалку 15 нови практиканти се обучуваат на секои три месеци.

good-hotel-teraca

Однадвор изгледа како огромен црн бродски контејнер со мали квадратни прозорчиња. Но, енетериерот и атмосферата се модерни, топли и навистина пријатни. Минималистички индустриски декор со извонреден комфор, особено на приземјето кое е изведено во една единствена целина. Има 148 соби со две стандардни големини – 13 и 30 метри квадратни. Менито во ресторанот нуди претежно медитеранска храна со разумни и прифатливи цени.

good-hotel-na-temza good-hotel-enterier11 good-hotel-enterier1 good-hotel-enterier

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top