Голф терени на површина на 65 хектари земјиште ќе никнат во општина Зелениково. Површината наменета за оваа спортска рекреација се подготвува, а во моментов се бараат инвеститори кои ќе го изградат спортскиот комплекс. Градоначалникот Веле Груевски за „Вечер“ вели дека триесетина километри од Скопје, Зелениково е општина во развој, која ќе се развива во областа на индустријата, туризмот, изградбата на спортски објекти и изградба на домови за живеење. За поврзаност на општината до другите скопски општини има пат кој е поврзан со општина Аеродром, редовен автобуски превоз на ЈСП кој стигнува до сите населени места, а оттука поминува и меѓународна железничка станица која се обраќа на релација Скопје – Солун.