Насловна / Вести / Големото изумирање на Индијанците ја оладило Земјата

Големото изумирање на Индијанците ја оладило Земјата

Европската колонизација на америка, започната кон крајот на 15. век, однела огромен број на човечки животи што ја променило климата на планетата, заклучок е на научниците од Универзитетотскиот колеџ во Лондон.
Експертите наведуваат дека пореметувањето кое следило по доаѓањето на Европјаните на тлото на Новиот свет придонело големи пространства на земја да претсанат да се обработуваат, што овозможило дрвјата и останатата вегетација да се прошират.
Поради тоа дошло до голем пад на нивото на јаглерод-диоксид во атмосферата и ладење на Земјата. Тој период во историските книги е наречен Мало ледено доба, кога зимите во Европа биле многу ладни.

инд1
„Големото изумирање на американските староседелци довело до исчезнување на човечкото и ширење на растителното присуство на големи пространства, што резултирало со поголема потрошувачка на јаглерод-диоксид, негово осетно пониско ниво во атмосферата и промена на температурата“, наведува Александер Кох со своите колеги во истражувањето објавено во Quaternary Science Reviews.
Тимот ги проучил сите расположиви податоци за бројот на населението кое живеело во Америките пред доаѓањето на Европјаните во 1492. година. Потоа е утвредено колку луѓе умреле во наредните децении од европски болести (малих и големи сипаници), војни, ропства и вкупниот општествен крах.
Население од околу 60 милиони живело на двата континента пред крајот на 15. век, што сочинувало 10 посто од светската популација. Меѓутоа, 100 години подоцна, преживеале пет или шест милиони луѓе. Имајќи го ова во предвид, дошле до бројка дека 56 милиони хектари земја веќе не била обработувана – тоа е површина скоро колку денешна Франција.

инд2

Пад на нивото на јаглерод-диоксид е забележан во балончиња воздух во лед

Природата го направила своето, а вегетацијата повторно набујала. Концентрацијата на јаглерод-диоксид во атмосферата паднала во распон од седум до десет молекули на јаглерод-диоксид во милион молекули во воздух.
„За тоа подобро да го илустрираме и ставиме во современ контекст – човештвото согорува фосилни горива и ја зголемува концентрацијата на јаглерод-диоксид за околу три молекули годишно. Што значи дека зборуваме и за голема количина на јаглерод-диоксид кој во тие години е извлечен од атмосферата“, објаснил професорот Марк Маслин, коавтор на студијата.
Уште еден учесник во истражувањето, доктор Крис Брирли верува дека овие податоци можат да помогнат во борбата против климатските промени.
„Многу се зборува за различни пристапи во решавањето на глобалното загревање и тука на прво место е садењето дрвја, кое би го намалило јаглерод-диоксидот во воздухот. Од оваа студија знаеме зошто такво нешто ни е потребно“, истакнува Брирли.

Испрати коментар

Scroll To Top