Насловна / Вести / Отворање на реконструираните живеалишта во Зоолошката градина во Битола

Отворање на реконструираните живеалишта во Зоолошката градина во Битола

Poster_B2_zoo

На 6 декември (сабота) 2014 година, со почеток во 11 часот, во Зоолошката градина Битола ќе бидат промовирани реконструираните живеалишта за животните: мечка, рис, лав, тигар, лисица, ракун, мајмуни, фарма за домашни животни, како и двата комплементарни објекти – влезот и билетарата во Зоолошката градина Битола.

Zivealiste za majmuni
Центарот за развој на Пелагонискиот регион го реализира овој проект во партнерство со општина Битола и Зоолошката Градина во Битола, како и со општината Лерин и Регионалната развојна Агенција од Лерин, Република Грција.Zivealiste za mecka
Инаку, реконструкцијата на живеалиштата во Зоолошката градина Битола се одвивала во рамките на проектот „Иновативни едукативни програми за зајакнување на природните ресурси во прекуграничниот регион Пелагонија/ Лерин – ЗОО иноватива“. Финансиски проектот е поддржан од страна на делегацијата на Европска Унија и Министерството за локална самоуправа, во рамките на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција.Zivealiste za ris Zivealiste za lav i tigar Farma za domasni zivotni

Испрати коментар

Scroll To Top