Насловна / Арт и дизајн / Големо откритие: Единствено масло на платно на Микеланџело, помала верзија на „Страшниот суд“

Големо откритие: Единствено масло на платно на Микеланџело, помала верзија на „Страшниот суд“

Во Женева е пронајдено единствено масло на платно изработено од Микеланџело, а станува збор за помала верзија на „Страшниот суд“, што може да се види во Систинската капела, изјави Амел Оливарес, специјалист за ренесансна уметност.

Оливарес го проучувал женевскиот „Страшен суд“ осум години, заедно со конзерваторот Хозе Мануел дел Рио Караско, пред да дојдат до заклучок дека делото му припаѓа на Микеланџело.

Оваа слика се сметала за изгубена повеќе од 100 години, а истражувачите мислат дека Микеланџело ја подарил на сликарот Алесандро Алори, кому му послужила како инспирација за олтарните слики во базиликата Сантисима во Фиренца.

На сликата може да се види Христос, како и други фигури од „Судот“ во Сикстинската капела, додека димензиите се 96,52 на 81,28 сантиметри.

Се верува дека едно од лицата на сликата е на Микеланџело, но претставено е како помладо од она што на историчарите на уметност им е познато.

Истражувачите истакнаа дека Христос е насликан без брада, исто како на фреската во Сикстинската капела, а ликовите се нецелосни или изгледаат скицирани.

Според Оливарес, ова дело укажува дека Микеланџело ја научил техниката на сликање масло на платно од сликарот Себастијан дел Пјомбо.

Детален опис на женевскиот „Страшен суд“ е пронајден во Државниот архив во Фиренца во 1792 година, во документите кои се однесуваат на пописот на мебелот и уметничките дела во сопственост на фирентинскиот маркиз Донато Гуадањо.

Испрати коментар

Scroll To Top