Насловна / Арт и дизајн / Големо интересирање за изложбата „Чистач“ на Марина Абрамовиќ, картите веќе во продажба

Големо интересирање за изложбата „Чистач“ на Марина Абрамовиќ, картите веќе во продажба

Големо интересирање за ретроспективната изложба „Чистач“ на Марина Абрамовиќ во Музејот на современа уметност во Белград која ќе се одржи од 21. септември 2019 до 20. јануари 2020. година. Поради големо интересирање на публиката картите се веќе пуштени во продажба и чинат 600 динари (5 евра), додека за одредени групи е утврден попуст и цената е 300 динари (2.5 евра). Овој попуст се однесува на стауденти, ученици од основни и средни училишта и пензионери.

марина1
Изложбата „Чистач“ е прва голема ретроспектива на Марина Абрамовиќ, конципирана во соработка со уметницата. Премиерно е прикажана во 2017. година во Moderna Museet (Стокхолм, Шведка), а пота патувала во Луизијана музеј на модерна уметност (Хумблек, Данска), Heniе Onstad Kunstsenter (Осло, Норвешка), Bundeskunsthalle (Бон, Германија), Фондација Palaco Stroci (Фиренца, Италија) и Центар за современа уметност (Торун, Полска). Изложбата во Белград е последна станица на турнеата и носи посебно значење, бидејќи претставува враќање на уметницата во нејзиниот роден град, каде ја започнала кариерата и каде последен пат самостојно изложувала во 1975. година во Салонот на Музејот на современа уметност.
Изложбата хронолошки ги следи сите фази на педесетгодишната кариера на Абрамовиќ. Почнувајќи од раните, сликарски (1960-1969) и концептуални дела (1970-1972), преку соло перформанси (1973-1975) и заедничката работа со животниот партнер Улај (1976-1988), период на стекнување меѓународна репутација, до нејзината соло кариера од 1991. до 2017. во тек на која изградила статус на една од најголемите уметници на денешницата. Содржи повеќе од 120 дела и ја сочинуваат цртежи, слики, фотографии, звучни дела, видео дела, филмови, сценографии, реперформанси и архивски материјали . Изложбата вклучува антологиски дела на уметноста на перформансот (Ритмови,1973-1974; Lips of Thomas, 1975; Релациони дела, 1976-1977; Преоѓање преку ноќно море, 1982-1986), како и дела кои го обележале нејзиниот рецентен опус (Балкански барок, 1997; Уметникот е присутен, 2010).

marina2
Живите сегменти на изложбата ја сочинуваат реперформансите на историските перформанси на Марина Абрамовиќ, кои дневно ќе ги изведуваат домашни и странски реперфоремри, како и партиципативни дела во кои учествува публиката.
Во рамки на изложбата уметницата ќе одржи јавно предавање и мајсторска класа за млади уметници.
Пратечката програма на изложбата ја сочинуваат проекции на филмови за Марина Абрамовиќ и предавања за уметноста на перформансот.
Марина Абрамовиќ (Белград, 1946) е една од најголемите уметници на перформансот и единствена од генерацијата радикални перформери од седумдесетите години која и натаму се занимава со уметноста на перформансот. Во текот на својата кариера, Абрамовиќ континуирано ги туркала границите на перформансот, испробувајќи се во различни форми и жанрови, како што се body art, релацион перформанс, долготрајни перформанси, автобиографски перформанси, партиципативни перформанси, реперформанси. Нејзините перформанси бескомпромисно ги тестираат границите на физичката и психичкаста издржливост на телото, општествените стереиотипи и табуа, културни и родови идентитети, вршејќи силен афективен ефект врз публиката. Тие претставуваат сложени структури со значење, кои почиваат на испреплетеност на конкретно и симболично, материјално и спиритуално, телесно и ментално, интимно и јавно, повторување и промени, актуелно и виртуелно.

© 2010 Scott Ruddwww.scottruddphotography.comscott.rudd@gmail.com
За Марина Абрамовиќ перформансот е уметност на трансформација која се одвива низ размена на енергија помеѓу изведувачите и публиката. Тоа е уметност на „чистење“ која има капацитет коренито да го промени доживувањето за себе, за другите и за заедницата, како и односот кон самиот живот. Нејзиниот опус сведочи за вечна потрага по методи и техники за ослободување на енегргијата на луѓето, објектите и акциите.
Организатор на изложбата во Белград е Музејот на современа уметност (МСУ).
Продуцент на изложбата е Moderna Museet (Стокхолм, Шведка), во соработка со Луизијана музеј на модерна уметност (Хумблек, Данска) и Bundeskunsthale (Бон, Германија).
Кустос на изложбата во МСУ: Дејан Сретеновќ
Кустос на изложбата: Лена Еслинг (Moderna Museet), со Тине Колструп (Луизијана музеј) и Зузане Клајне (Bundeskunsthalle).

Минатата недела Марина Абрамовиќ се обрати со писмо до публиката во кое меѓудругото вели: „Од својата прва ретроспективна иазложба во МоМА не сум се чувствовала волку возбудено, како што се чувствувам сега, додека го подготвувам затварањето на својата Европска ретроспективна изложба „Чистач“ во Белград. Мојата ретропектива оваа есен во Белград ќе биде најголема досега, а воедно за мене и најзначајна.
Без публика мојата уметност не постои.
Со тоа ве повикувам заедно да ја направиме.
Поделете ја со мене својата чиста енергија.
Со љубов,
Марина“

marina3

Онлајн продажба на влезници:

tickets.rs
enterbelgrade.tickets.rs

Извор: www.msub.org.rs

Испрати коментар

Scroll To Top